
МАКЕДОНСКА . . .
(ОВДЕ НЕМА)
На нашава плантажА
нема саботажа.
Не е монтажа,
со млеко си правиме масажа.
Политичарите само вистина ќе ви речат:
тука златни реки ќе течат.
Овде вени не се сечат,
критиките не Ни пречат.
Во нашава сверА
нема ни една афера.
Нема лоши продажби
и од државата кражби.
Нема местење тендери
ниту бесење на бандери.
Нема скандали,
а нема ниту вандаЛи.
Нема ниту арамии,ниту лопови
има само чесни судии и попови.
Немој да сте банални,
Овде нема дејствиа криминални.
Овде парламентарците се мноГу свесни,
затоа нема моменти стресни.
Овде се слушаат само весели песни,
затоа овде сите се чесни.
Овде е оаза на мирот,
нема некој што е сирот.
Овде секогаш е точен збирот,
затоа нема да ве јаде чИрот.
Нашава држава
ич не е скржава.
Без да не Јава
многу поволности ни дава.
Живееме во држава многу финА,
овде е нашата судбина.
Овде нема денови црни,
затоа сите се кротки како срни.
ОД ВАКВА ДРЖАВА СПАС НЕМА
ЗАТОА СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ ВО ШЕМА.
5-6 ЈУНИ 2009
